Здружението на граѓани – Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен оглас за Раководител на проект за организација и спроведување на проектни активности, наративно и финансиско известување, следење и оценка во рамките на идниот проект “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“, ко-финансиран од страна на Делегацијата на ЕУ во Скопје, и спроведуван во партнерство со Нексус – Граѓански концепт од Скопје, Аква од Струга, Центар за интеркултурен дијалог од Куманово и Градење на заедницата од Митровица, Косово.
Наведеното лице ќе го врши својот ангажман за времетраење на проектот, односно до завршување на проектот – 10 месеци (31.12.2023г), со полно работно време.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:
- Основни познавања за проблематиката на вклучување на ранливи групи во социо-економски развој во земјата;
- Најмалку 7 (седум) години докажано работно искуство на водење проекти за граѓанското општество во земјата
- Познавање процедури за раководење на проекти финансирани од ЕУ ќе се смета за предност.
- Одлично познавање на македонски и деловен англиски јазик, како и добро познавање на албански јазик;
- Комплетирано високо образование;
- Познавање на административно и канцелариско работење;
- Добри комуникациски вештини
- Одлично познавање и активно работење со Microsoft Office пакетот;
- Возачка дозвола: Б категорија.
Специфични одговорности во рамки на имплементацијата на проектот:
- целокупно планирање на проектот;
- подготовка и имплементација на проектни активности во Скопје како и останатите целни области во земјата;
- подготовка на договори, дописи, меморандуми, кратки анализи, итн.;
- управување со лицата од персоналот на проектот;
- организација и водење на активностите под одговорност на ИЕП, како и поддршка на спроведување на активностите на партнерите
- организирање на комуникација со ЕУ и останати релевантни актери
- дефинирање и модификување проектни процедури за известување, претставување на проектот на трети страни;
- подготовка на постапките за набавка, одобрување на активностите на партнерите
- организација на видливост на проектот.
Кандидатите треба да достават работна биографија на следната е-пошта: contact@iep.mk. Рокот за поднесување e понеделник, 27 февруари 2023 година. Изборот ќе се изврши во согласност со Законот за работни односи.