Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) е граѓанска организација насочена кон развој на демократијата во општеството, заштита на човековите слободи и права, борба против сите форми на дискриминација, нечовечко и понижувачко однесување, како и поттикнување на граѓаните да станат поактивни учесници во развојот на демократијата на локално и национално ниво, во согласност со вредностите на ЕУ.
ИЕП објавува јавен оглас за Соработник за администрација и финансиски работи, во рамките на идниот проект “Младите жени против онлајн насилство” ко-финансиран од страна на Делегацијата на ЕУ во Скопје, и спроведуван во партнерство со Здружение на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ Скопје
Наведеното лице ќе го врши својот ангажман за времетраење на проектот, односно во период од 24 месеци (01.01.2025 до 31.12.2026г), со пола работно време (50%).
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:
- Завршено високо образование во соодветната област – економија, финансии, сметководство и ревизија;
- Најмалку 4 години работно искуство на наведената позиција во областа на финансискиот менаџмент;
- Работно искуство во развоен сектор;
- Основно познавање на сметководството;
- Одлично познавање и активно работење со Microsoft Office пакетот;
- Одлично познавање на деловен англиски јазик (говорен и пишан);
- Познавање и следење на актуелните промени, случувања и законски регулативи во областа на финансиите и сметководството.
- Искуство во водење на финансии во рамки на проекти финансирани од ЕУ.
Специфични одговорности во рамки на имплементацијата на проектот:
- Одговорност за финансиска и административна поддршка за да се обезбеди ефикасна, навремена и усогласена испорака на проектот, како и ефективно управување со сите активности;
- Дефинирање и анализа на буџетот на проектот за да се осигура дека средствата се користат согласно договорите за финансирање и предлагање корективни мерки доколку е потребно. Водење евиденција за трошоците по буџетски ставки;
- Сеопфатно собирање и евидентирање на финансиската документација;
- Плаќање сметки и обезбедување дека сите добавувачи се исплатени;
- Прием на документи во рамките на проектот и соодветно архивирање;
- Набавка на материјали и услуги, според воспоставените правила за финансиско и административно работење во Проектот;
- Логистичка поддршка при организација на настани од страна на Раководителот на Проектот;
- Подготовка на налози за исплата, плаќања, банкови усогласувања, водење даноци за потребите на Проектот;
- Комуникација и дневно работење со банка, сметководство, авторска агенција и комуникација со партнери и соработници за финансиско-административни прашања;
- Подготовка на проектни финансиски планови и извештаи;
- Подготовка, ажурирање и анализа на организациски и проектни финансиски извештаи во интервали според потребите на организацијата и барањата на донаторот.
Кандидатите треба да достават работна биографија на следната е-пошта: contact@iep.mk. Рокот за поднесување e четврток, 26 декември 2024 година. Изборот ќе се изврши во согласност со Законот за работни односи.