Здружението на граѓани за демократија – Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) е граѓанска организација која работи на развој на демократијата во општеството, преку вклучување на ранливи групи лица во социо-економскиот развој, во согласност со вредностите на ЕУ.

ИЕП објавува јавен оглас за Соработник за финансиски работи, во рамките на идниот проект “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“, ко-финансиран од страна на Делегацијата на ЕУ во Скопје, и спроведуван во партнерство со Нексус – Граѓански концепт од Скопје, Аква од Струга, Центар за интеркултурен дијалог од Куманово и Градење на заедницата од Митровица, Косово.

Наведеното лице ќе го врши својот ангажман за времетраење на проектот, односно во период од 36 месеци (01.01.2021 до 31.12.2023г), со пола работно време (50%).

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:

  • Завршено високо образование во соодветната област – економија, финансии, сметководство и ревизија;
  • Најмалку 3 години работно искуство на наведената позиција во областа на финансискиот менаџмент;
  • Работно искуство во развоен сектор;
  • Основно познавање на сметководството;
  • Одлично познавање и активно работење со Microsoft Office пакетот;
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик (говорен и пишан);
  • Познавање и следење на актуелните промени, случувања и законски регулативи во областа на финансиите и сметководството.

Специфични одговорности во рамки на имплементацијата на проектот:

  • Прием на документи во рамките на проектот и соодветно архивирање;
  • Набавка на материјали и услуги, според воспоставените правила за финансиско и административно работење во Проектот;
  • Логистичка поддршка при организација на настани од страна на Раководителот на Проектот;
  • Подготовка на налози за исплата, плаќања, банкови усогласувања, водење даноци за потребите на Проектот;
  • Комуникација и дневно работење со банка, сметководство, авторска агенција и комуникација со партнери и соработници за финансиско-административни прашања;
  • Подготовка на проектни финансиски планови;
  • Подготовка, ажурирање и анализа на организациски и проектни финансиски извештаи во интервали според потребите на организацијата и барањата на донаторот.

Кандидатите треба да достават работна биографија на следната е-пошта: contact@iep.mk. Рокот за поднесување e вторник, 15 декември 2020 година. Изборот ќе се изврши во согласност со Законот за работни односи.

You are currently viewing Оглас за соработник за финансии