Задоволство ни е да Ве поканиме да учествувате во повикот за спроведување обука на млади волонтери и изработка на анализа за правилно селектирање отпад и користење на машини за рециклирање во општина Аеродром.

Задачите и очекувањата поврзани со Вашиот ангажман за спроведување обука на млади волонтери и изработка на анализа за правилно селектирање отпад и користење на машини за рециклирање во општина Аеродром се наведени во Описот на надлежности (ToR).

Информации за постапката

Постапка: Отворен /Јавен повик

Тип на договор: Договор за набавка на услуги

Максимален буџет: 85,897 денари бруто

Потребни документи

  • Биографија
  • Изјава за доверливост и непристрасност (во прилог Анекс 2)
  • Финансиска понуда (во прилог Анекс 3)
  • Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (копија од пасош)

Начин и рок за аплицирање

Сите заинтересирани може да аплицираат со достава на потребните документи најдоцна до 16.12.2024 (понеделник) до 16ч. на следнава е-адреса contact@iep.mk

Потпишување на Договор

Одбраниот кандидат ќе биде известен во писмена форма дека поднесената апликација е прифатена во рок од 3 дена од крајниот рок за доставување на апликации и ќе биде поканет да потпише Договор за ангажирање од страна на Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива.

Aнекси:

  1. Опис на надлежности (ToR)
  2. Анекс 2-Изјава
  3. Анекс 3-Финансиска понуда
You are currently viewing Покана за спроведување обука на млади волонтери и изработка на анализа за правилно селектирање отпад и користење на машини за рециклирање во општина Аеродром