Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) потпиша договор за спроведување на проект „Јакнење на отпорот спрема насилниот екстремизам и тероризам преку зајакнати новинари, медиуми и владини службеници“ со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Проектот е финансиран од страна на Центарот за успешна борба против насилниот екстремизам – Хедаја, од Абу Даби, со користење на ЕУ Фондови.
Времетраење на проектот е од ноември 2019 до ноември 2020.