Референтен број: IPA/2022/441-824-ИЕП – 006
Наслов на проектот: „Тренинг-Академијата за новинари и медиумски работници Т-АЈМ“
Лот: 5.2.4 – Изработка на годишен извештај за напредокот под Кластерот 1 – Темелни вредности во процесот на пристапување (Реф. А3.4.)
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Иницијативата за Европски перспективи (ИЕП) и Европската федерација на новинари (ЕФЈ) во рамките на проектот „Тренинг-Академијата за новинари и медиумски работници Т-АЈМ“ поддржан од Европската Унија, предвидува изработка на два годишни извештаи поврзани со напредокот на земјата во процесот на пристапување кон Европската Унија кои се следат во Кластер 1 – Темелни вредности, со фокус на владеењето на правото и слободата на изразување, вклучително медиумските права и слободи и безбедноста на новинарите и медиумските работници. .
За таа цел се распишува и овој јавен повик за доставување на понуди за изработка на два годишни извештаи согласно барањата наведени во описот на надлежности (ToR).
Повеќе информации за Описот на надлежности (ToR) видете тука.
Информации за повикот
Постапка: Отворен / јавен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Повикот е отворен за физички лица (самостојно или конзорциум / тим од двајца до тројца надворешни соработници /експерти) и за правни лица.
Потребни документи
- Професионална биографија , со најмалку три референци
- Изјава (Анекс 2),
- Финансиска понуда (Анекс 3)
- Предлог методологија за следење и изработка на извештајот
- Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (за физички лица копија од пасош)
- Тековна состојба од Централен регистар (ЦРМ), не постара од 6 месеци (за правни лица)
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (професионална биографија, доказ за резидентност за физичко лице, или тековна состојба од ЦРМ за правно лице, предлог за програма и пополнети Анекс 2 и Анекс 3) преку електронска пошта на следнава адреса contact@iep.mk со назнака „Апликација по повик IPA/2022/441-824-ИЕП – 006“.
Крајниот рок за доставување на апликации е 30.06.2024 (недела) до 24ч, ЦЕВ