Изминатиот месец, Иницијатива за европска перспектива потпиша Договор за соработка со Град Скопје за планирање, координација и организација на проектните активности во рамките на проектот “Велосипедски патеки и патеки за планински велосипедизам на планината Водно”, кој ИЕП го спроведува во партнерство со Град Скопје, со ко-финансирање од Советот за регионална соработка (СРС) од Сараево, Босна и Херцеговина.
Времетраењето на проектот е од октомври 2019 година до јули 2020 година.