ИЕП објавува јавен оглас за соработник на проект за раководење со проектен циклус, вклучително и спроведување проектни активности, наративно и финансиско известување, следење и оценка во рамките на проектот “Велосипедски патеки и патеки за планински велосипедизам на планината Водно“.
Здружението на граѓани Иницијатива за Европска Перспектива (ИЕП) е граѓанска организација која работи на развој на демократијата во општеството, преку вклучување на ранливи групи лица во социо-економскиот развој, во согласност со вредностите на ЕУ.
Наведеното лице ќе го врши својот ангажман за времетраење на проектот, односно во период од во период од 9 месеци (24.10.2019 до 23.07.2020), со 50% од полното работно време.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:
- Основни познавања за работата на ИЕП;
- Комплетирано високо образование;
- Најмалку две години работно искуство на проекти за граѓанското општество во Македонија
- Познавање процедури за раководење на проекти на странски донатори: СДЦ, ЕУ, УСАИД и др. ќе се смета за предност.
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност.
- Познавање на административно и канцелариско работење.
- Докажана способност да работи со компјутери, како програмите од пакетот на Мајкрософт офис.
- Возачка дозвола: Б категорија.
Кандидатите треба да достават писмо за интерес и работна биографија на следната е-пошта: inic.eupers@gmail.com.
Рокот за поднесување на документите e понеделник, 21 октомври 2019 година. Изборот ќе се изврши во рок согласно Законот за работни односи, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Проектот “Велосипедски патеки и патеки за планински велосипедизам на планината Водно”, кој Иницијатива за европска перспектива го спроведува во партнерство со Град Скопје, финансиран од финансиран од Град Скопје и Советот за регионална соработка (СРС) од Сараево, Босна и Херцеговина.